Пријател на Тања Савиќ одлучил да проговори пред медиумите низ каков пекол поминувала пејачката додека била во брак со Душан Јованчевиќ.

Душан е наркоман кој ја малтретираше и тепаше Тања. Купуваше опијати со нејзините пари. Лесно заработуваше за леб и го издржуваше тој коњ, тој ја тепаше после настапи. Еднаш задоцни дома 15 минути, а тој и удри шамар. Многу такви сцени гледав со моите очи – вели Бане Џокиќ, пријателот на пејачката, кој досега молчел за голготата низ која минувала пејачката.

Нејзиниот пријател додава дека поранешниот сопруг со кого за жал се уште е во брак и не можат да се разведат поради далечината и коронакризата, бил болен човек и ја малтретирал постојано.

Знам дека по еден настап на сплавовите во Белград и ја избрка гола и боса на улица. Таа побегна кај своја роднина во Сремска Митровица додека не се смири ситуацијата. Душан инаку има свои пари од Австралија, но ги чуваше постојано и ги трошеше нејзините – раскажува тој.

На крајот револтирано вели дека и забранил да се дружи и со колегите, дури и да контактира со родителите и родената сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.