Хрватскиот пејач Борис Новковиќ има повеќе од бурно минато кога станува збор за  љубовниот живот.

Првата сопруга на Борис Новковиќ беше актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ, која кога се запознаа беше професионална балерина во Загреб. Тогаш имаше 20 години, а нејзиното срце го освои пет години постариот Борис. Тие беа во брак пет години и се разведоа во 1997 година.

По Бојана, Борис се ожени со новинарката Луција Матиќ. Тој ја запозна на промоцијата на неговиот албум „Директ“ и се заљуби на прв поглед. Тие се венчаа во 2003 година и имаат два сина, Ноа и Боно. Беа во брак девет години, а во врска 12 години.

Бракот на пејачот со Луција се распадна кога тој се вљуби во сликарката Ива Вишошевиќ. Тие беа заедно три и пол години, но не се венчаа.

По раскинувањето со Ива, следуваше третиот брак на Борис. Во август 2016 година, пејачот се ожени со 18 години помладата Инес Катиќ, од која се разведе по само пет месеци брак, на почетокот на 2017 година.

Сите што предвувавте неславен крај, уживајте во тоа и мислите дека сте во право. Не сте, и јас ќе уживам во мојата искреност и ќе ја дадам целата моја љубов повторно и повторно. Ако треба четврти и петти и десетти пат! Ќе верувам во вистинска љубов, засекогаш! И нема друг коментар. Инес, благодарам! – тогаш напиша Новковиќ на Фејсбук.

Според хрватските медиуми, разводот со Инес беше заменет со врска со балерината Ана Ханиќ, која е и професор по дефектологија.

Сепак, Борис не остана до крај ни покрај неа. Тој се ожени по четврти пат, со 25-години помлада студентка по моден дизајн Ирис Волф.

Новковиќ минатата година доби ќерка со неа, но разделбата следуваше година и пол по венчавката.

Сепак, Борис повторно е актуелен со своето јавно признание дека се разделил и од четвртата сопруга.

Ирис и јас сме разделени подолго време. Како и да е, беше договорено и раскинавме во исклучително добри односи, така што заедно од првиот ден се грижиме за нашата ќерка. Времето ќе каже. Зачуден сум од написите во медиумите. Ниту Ирис ниту јас не го спомнавме зборот „развод“ – изјави Новковиќ за хрватските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.