Музиката не познава граници, не познава националности… Тоа вечерва се покажа со загубата на легендарниот Ѓорге Балашевиќ кој почина како последица на корона вирус. Балканот тагува по Големиот поет, а на централниот плоштад во Загреб, се собраа луѓе, кои ги пеат неговите песни.

Во песната „Стих на асфалту“, Балашевиќ пее: „Да ми је још једаред прочи „Илицом“, па да бечарац нашврњам кирилицом…“. Вечерва загрепчани му ја исполнија желбата.

На улицата „Илица“, која поминува низ срцето на Загреб, а завршува токму на плоштадот „Бан Јелачиќ“, напишаа „бечарац“, на кирилица, запалија свеќи и ги пеат неговите песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.