Пејачката Ханка Палдум доживеала сообраќајна несреќа на автопат за Загреб, минатата недела, при што поминала без повреди, иако автомобилот и е целосно уништен.

Таа сега се огласи и откри дека и паднала концентрацијата за време на возењето.

Не знам што ме натера да свртам кон оградата. Не барав станица на радио, ниту пак копав по работи на совозачкото седиште, туку гледав каде возам. Ми падна концентрацијата и одеднаш видов како автомобилот ми удира во левата ограда, потоа во десната и два пати се свртев – раскажува таа.

Несреќата ја доживеала на авто патот А3, крај мостот Криж во близина на Иваниќ град.

Фала Богу, Господ ме чуваше. Не можам да верувам дека се судрив на тој проколнат авто пат, каде што настрадаа моите колеги, Тоше Проески и Долорес Ламбаша. Не знам што е со тој пат, ама тоа не е нормално. Видов знак на крст и кога подобро ќе размислам, тоа беше некој знак од небото – вели Палдум.

Ханка вели дека тоа ја асоцирало на крст на гроб, ама Бог ја сочувал.

Не возев брзо и бев врзана. Излегов од смачканиот автомобил и веднаш запре маж кој ме праша дали ми треба помош. Ма каква помош, јас имав чувство дека сум се паркирала, а не дека направив сообраќајка – вели таа на крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.