Пејачот Халид Муслимовиќ е обвинет за сериозно насилство врз поранешната партнерка Соња Башиќ од Велика Кладаша и би можел да заврши во затвор! Против пејачот обвинението беше издадено во декември, а и започна судењето. Но, тој не се појави на првото рочиште.

Халид, наводно, ја претепан и ја исфрлил од својот автомобил поранешената девојка на која и должи, не помалку ни повеќе туку 94.500 евра, а насилството се случило кога жената побарала да и врати дел од нејзиниот долг. Според неа, таа не е единствената жена на која Халид и должи големи суми пари, но другите тоа го кријат и не го тужат надевајќи се дека еден ден ќе ги врати парите.

Халид Муслимовиќ не дава изјава, бидејќи се што имал ќе кажел на судењето.

Целата таа ситуација е обична монтажа, а медиумите кои се толку заинтересирани за овој случај треба да се позанимаваат и со историјата на оваа жена и која таа е, изјави Халид Муслимовиќ во телефонскиот разговор на прашања за жената со која е, или бил во емотивна врска.

Пејачот се обидел преку неговиот адвокат да ја смири ситуацијата, но без успех. Имено, Халид ја молел Соња да дојде на состанок, “на кафе да се договорот за сè”, со ветување дека долгот од 94.500 евра ќе биде вратен на рати, ако престане да зборува за тоа во медиумите, и ако ја повлече тужбата.

Наместо кафе, Халид доби жесток одговор.

 Јас нема да се откажам, премногу сум повредена. Што се однесува до него, ништо не прифаќам, никогаш нема да имаме договор освен да ги врати парите, рече таа.

Соња вели дека последното насилство се случило минатото лето кога Халид за време на возење три пати ја удрил по главата и устата устата, а потоа го запрел возилото, ја зграпчил за косата и ја исфрлил од колата од автомобилот удирајќи ја со клоци. Таа паднала на земја и со десниот кук се повердила на камен. Сето ова, според Соња, се случило кога таа побарала од Халид да врати дел од парите во износ од 22.000 евра.

За време на возењето го прашав кога тој ќе ми ги врати парите. Тој полуде, сврти со колата кон Бања Лука, возеше 150 на час. Побарав да запре, бидејќи беше опсано и не сакам да загинам, имам деца, објасни Соња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.