Гвинет Палтроу и Крис Мартин продолжуваат со својот близок однос и после разводот.

Американската оскаровка откри дека на меден месец на Малдиви отишла и со бившиот и со сегашниот сопруг, сценаристот Бред Фалчук, за кого се омажи во септември. Со нив биле и двете деца на Палтроу од бракот со фронтменот на „Колдплеј“, Епл и Мозес, како и неколку други членови на семејството.

Tоа беше многу модерен меден месец. Отидовме на Малдиви и имавме еден голем семеен меден месец за Божиќ. Беа мојот нов сопруг со неговите деца, моите деца и бивш сопруг, наши најдобри пријатели. Одлично си поминавме, кажа Палтроу во ТВ-интервју.

Таа и Мартин пријателски се разделија во 2014 година, по десет години брак.

На тој начин сакавме да ја намалиме болката на нашите деца. Тие сакаат да седат на иста маса со своите родители и се обидовме да го задржиме тоа, кажа актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.