Шоуто за таленти „Ѕвездите на Гранд“ е погодено од тажни вести.

Имено, Здружението на естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на ова ТВ-шоу ја пренеле на социјалните мрежи информацијата дека починал учесникот во тековната сезона, Момир Луковац.

Оваа тажна вест ја потврдиле и неколку колеги на Момир Луковац, кои со шокантни фотографии и пораки се збогуваат од својот колега на социјалните мрежи.

Момир последен пат и се претстави на јавноста во емисија што се емитуваше во февруари оваа година.Тогаш ги отпеал песните „Проколната виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“.

Луковац имал 24. години и живеел во Подгорица. Засега не е соопштена причината за неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.