Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, наводно имал афера со популарната српска пејачка Тања Савиќ. Според Нова.рс, веста ја налутила неговата девојка, која веќе не го следи на „Инстаграм“. Станивуковиќ, пак, сè уште ја следи Тања Савиќ, а и таа него.

Нивната наводна афера ја откри водителката Јована Јеремиќ за време на гостувањето во една емисија. Српските медиуми ја контактираа српската пејачка за да одговори на прашања во врска со нејзината врска со политичарот.

Не сакам да коментирам ништо. Не би, ништо. Не сакам ни да демантирам. Смешно ми е. Мислам дека е најпаметно да ви речам само – немам коментар. Ако речам нешто, повторно ќе биде….знаете, рече Тања Савиќ.

На прашањето дали е или не е во врска со Драшко Станивуковиќ, српската пејачка не одговори конкретно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)


Боже, какво прашање е тоа! Имам ли јас право да си ја зачувам приватноста и да не треба да давам некои детали за мојот приватен живот? Не мора да одам на полиграф. Вие пишувате, тоа е ваша работа. Ако имате докази – во ред. Ако не – и то ќе го почитувам. Но, што и да кажам, ќе се протолкува на еден или на друг начин, а секој што зборува за туѓ живот – зборува за себе! Јована Јеремиќ рече и остана жива, тоа е тоа, изјавила Тања Савиќ за српски Телеграф.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.