Огњен Врањеш синоќа го прослави својот 30 роденден во Атина, а прославата ја увеличала и пејачката Цеца Ражнатовиќ која направила  атмосфера за паметење. Деталите од прославата привлекле големо вимание, а меѓу нив била и оригиналната роденденска торта.

Меѓу гостите биле и бројните соиграчи на Огњен од грчкиот АЕК, а и тортата, очекувано била во знакот на фудбалот.

Врањеш свеќичките од тортата во облик на стадион кој свети, ги оддувал со помош на ќеркичката Андријана, која вчера исто така го славела својот роденден.

Наследничката на Врањеш наполнила пет години, а на прославата не се одвојувала од татако и.

Цеца веднаш по доаѓањето ја зоврела атмосферта, а зенитот бил достигнат кога ги запеала хитовите „Воздухот кој го дишам“  и „Белград“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.