Денеска се навршија две години од загинувањето на Шабан Шаулиќ во близина на германскиот град Билефелд. Од тогаш членовите на неговото семејство, освен ќерката Илда, ретко се појавуваат во јавност, а уште помалку зборуваат за таа болна тема. Неговата вдовица Гордана Шаулиќ се уште не се огласува, но со нетрпение го чека датумот за продолжување на судењето на Алсан Левент, кој го предизвика судирот во кој загина Шабан и неговиот колега.

Според сознанијата, вдовицата на Шабан, добила отштета од 200.000 евра од кои дел дала на синот, а почнала да ги враќа и парите за договорените, а нереализирани настапи. Освен решавање на долговите, вдовицата на Шабан не мора да се грижи ни за материјалната ситуација, бидејќи и припаднала пензија која нејзиниот сопруг ја уплаќал во Австрија. Иако порано се шпекулираше дека во прашање е сума од 2.000 евра месечно, според последните информации, станува збор за многу помала сума, 850 евра.

Инаку набрзо по трагедијата Гоца се исселила од раскошната вила на Дедиње и се преселила во станот кој го имале, а вилата ја издаban iва на амбасада, за наводно 5.000 евра месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.