Поранешното момче на Гоце Тржан, Дејан Драгојловиќ, своевремено беше главна тема во српската, но и балканската јавност, кога ги купи сите влезници за еден од нејзините концерти, за таа да пее само за него. Тој беше нејзината најголема љубов која сè уште не и е целосно преболена..

А, еве како денес, пејачката, за српските медиуми, зборува за Дејан.

Да, тоа е вистина. Билетите за првиот ден во Сава Центарот беа купенуи два дена по закажаниот концерт. Во тоа време го објавив албумот „Сакам да се сменам“. Работев вторник, среда, четврток, петок, сабота и воопшто не ми требаа никакви маркетинг трикови. Некој го направи тоа за мене. За мене како жена – вели Гоца во емисијата „Од профил“.

Сепак, нивната љубов не опстана, па Дејан Драгојловиќ и Гоца тргнаа по својот пат.

Нејзиното поранешно момче , на Гоца Тржан, покрај убавите спомени, во животот и остави и тешка траума. Иако таа никогаш не го именуваше лицето покрај кое претрпе сериозно насилство, Гоца, која зборуваше за тоа уште во 2017 година, велеше дека пред бракот со Иван имала исклучително тежок период во емотивниот живот, а многумина во нејзините зборови препознаа Драгојловиќ.

Не ми е гајле дали тој се најде во приказната, тоа не е нешто што ме загрижува. Да сакав да се знае за кого станува збор, јавно ќе кажев, тоа е дел од мојот живот, од мојата личност, од она што мислам дека сум го преживеала и дека ме научило нешто. Не е важно кој го направил тоа, туку дека преживеав и дека успеав да се изборам со тоа – изјави тогаш Гоца за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.