Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се разделени повеќе од една година, но нивниот развод, кој не е финализиран, сè уште ги полни српските таблоиди.  Како што дознава српски „Курир“ од свој избор, пејчаката се одлучила за развод откако дознала дека Дарко често е дел од оргии со проститутки од листата на елитниот макро Михајло Максимовиќ. Таа еднаш направила вистинска сцена во еден хотел, откако го побарала својот сопруг и го нашла на една сомнителна журка организирана од Максимовиќ.

Дарко пееше од 19 до 23 часот, пиеше алкохол цело време. Сите се шегуваа, забавуваа, а таму имаше и девојки. Доле во хотелот имаше забава, а на катовите се наоѓаа соби. Дарко не забавуваше цело време, а кога заврши му дадовме една девојка да се „почасти“, бидејќи супер пееше. После 23 часот двајцата заминаа во соба. Тој беше премногу пијан, вели изворот за „Курир“ и додава дека на забавата се појавила Ана и направила скандал.

После пет часа, Дарко сè уште не излегувал од собата, по што дошла Ана и почнала да вика на цел глас и да го бара Дарко.

Беше јасно дека некој и се јавил да и каже каде е сопругот и што прави. Почна да вика по хотелот и да вика дека знае дека е тука, но не успеа да го пронајде. Беше толку бесна што трчаше по катовите. Откако вработените ја убедија, таа го напушти хотелот, а Дарко мртов пијан го изнесовме од хотелот во четири наутро, го качивме во автомобил и го одвезоме дома, вели соговорникот.

За потсетување, Ана и Дарко од бракот ја имат ќерката Лорена, а тој во секој момент треба да стане татко со својата нова свршеница Марина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.