Марина Гагиќ се огласи откако својот свршеник Дарко Лазиќ престана да го следи на Инстаграм и ги тргна заедничките фотографии.

Свршеницата на Дарко вели дека и работат хормоните и призна дека се скарала со идниот маж.

Не беше нешто страшно, малку се скаравме, па од инает го направив тоа. Малку ми работат хормоните. Тој профил всушност не го ни води Дарко, а и кога става фотографии ретко става фотографии од нас двајцата. Тогаш размислував зошто само јас би ставала наши фотографии, па решив да ја сменам и насловната фотографија на која сме заедно. Малку му терав инает, ма класична трудница и хормони, што да ви кажам – рекла таа.

Сепак Марина не крие дека меѓу неа и пејачот има проблеми во врската.

Ма секако дека понекогаш се караме, се е тоа нормално во врска и брак, посебно кога имате мало дете. Дарко не е совршен, но ги прифаќам неговите и добри и лоши страни. Јас го бирав, тоа ми е што ми е – насмеано рекла Марина и додала:

Ние се сакаме повеќе од било кога и се кај нас е во најдобар ред!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.