Марина Туцаковиќ почина вчера по тешката борба со ракот, на 68 години.

Најпознатиот српски текстописец, во последните неколку дена, лавовски се бореше за да ја добие најтешката битка, но за жал, болеста беше посилна.

Веста за смртта на Марина Туцаковиќ го потресе целиот регион, српската и балканската сцена, за која напиша безброј хитови.

Според српските медиуми, последната желба на Марина била да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта во Белград, а не во Алејата на заслужните граѓани.

Да потсетиме, пред 13 години, на 1 декември, Марина го загуби синот Милош Радуловиќ. Марина го пронашла Милош мртво во семејната куќа во центарот на Белград, а тој беше погребан три дена подоцна на Новите гробишта. Синот на Марина и Александар Фута Радуловиќ ненадејно почина, а Марина само еднаш зборуваше за нејзиниот најболен ден во животот.

Марина Туцаковиќ ја загуби битката по долгата и тешка болест на 67 -годишна возраст. Најпознатиот српски текстописец ги помина последните денови во КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде што беше префрлена откако ѝ се слошило во вторникот, 14 септември, кога била ставена на респиратор, а била позитивна на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.