Георгина Родригез, атрактивната девојка на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, откри дека воопшто не е лесно да се биде заедно со позната личност, но ништо не би менувала во животот.

Не е лесно да се биде со некој кој е толку славен и популарен како Кристијано Роналдо, но не би го менувала за ништо на светот. Тоа што го чувствувам за него и посилно од се. Заедно сме посилни и помеѓу нас има голема љубов. Сепак, заведувањето во врската е исто така важно. Секогаш спијам во секси долна облека бидејќи мене ми е романтично, а него го направи среќен – изјави Георгина за „Сан“.

View this post on Instagram

❤️Feliz domingo ❤️#family #love

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Таа откри како се запознаа со фудбалерот.

Прв пат се видовме на промоција на „Гучи“, на која работев на продажба на производи. Неколку дена подоцна се сретнавме на промоција на друга марка и тогаш првпат разговаравме. Тоа беше љубвов на прв поглед – открива Георгина.

View this post on Instagram

Buenos días ❤️❤️❤️ @aloyoga

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.