Популарниот јутјубер Стефан Лазаров ја започна новата сезона на „карпул караоке“, во кое ќе гостуваат најпознатите јавни личности од нашата земја, но и соседството.

Прв гостин во новата сезона му беше познатиот српски рапер Газда Паја. Стефан и Паја разговараа на повеќе теми, а најмногу за музиката, за плановите, за познанството со момците од Два Бона, Слаткар, а раперот откри и кое му е омилено македонско јадење.

Два Бона и Слаткар ги знам многу одамна, од 2012 година. Тие се преталентирани момци. На почеток публиката не ги препозна, но затоа пак сега се легенди. Ги обожавам, беа зборовите на Газда Паја за македонските рапери.

Стефан за следниот „карпул“ подготвува уште едно изненадување, за кое не открива дали ќе биде од светот на музиката или пак можеби политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.