По шест години живот во Шведска, фолк пејачката Сузана Гавазова заедно со семејството се врати во земјава. Со сопругот, Босанецот Јасмин Курузовиќ и со ќеркичките Емили и Селена ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера на домашен терен, пишува „Фокус“.

Гавазова во повеќе наврати досега имаше истакнато дека иако се навикнала на животот таму, сепак, многу ѝ недостасува Македонија, па затоа и често се враќа. Пејачката има стан во родната Струмица, но сепак решила Скопје да биде нивното ново место на живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.