И покрај тоа што му е одредена мерка притвор, Габриел Бајрам отиде да го жени синот во познат скопски хотел. Тој е осуден на три месеци затвор, а истиот судија кој му ја одредил мерката, дозволил времено да не седи во притвор и да отиде да слави.

Од Кривичен суд за „А1он“ велат дека сега, откако прославил, Бајрам е одново во притвор.

– Не се работи за укинување на мерката куќен притвор до правосилност на пресудата против обвинетиот Габриел Бајрам до Скопје, туку истиот од судечкиот судија му е одобрено барањето за времено оддалечување од неговиот дом каде што ја издржува мерката, заради присуство на свадба на неговиот син – велат од Кривичен суд за „А1он“.

Фотографии од свадбата поради која Габриел бил пуштен привремено од куќен притвор, проциркулираа на социјалните мрежи. На неа е во друштво на скопски бизнисмени, а гостите ги забавуваше Адил Максутовиќ.

Тој го женеше неговиот син Валентин Бајрам, со кого заедно го истепале шанкерот бидејќи не им дал да кршат чинии во скопски локал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.