Поп дивата Лејди Гага и актерот Бредли Купер веќе некое време се главна тема во светските медиуми. Имено откако го снимија заедничкиот филм „Ѕвездата е родена“, почна да се шпекулира дека меѓу нив постои нешто повеќе. Бредли набрзо се разведе од манекенката Ирина Шајк, па сето тоа дополнително ја интригираше јавноста.

Сепак она што сите најмногу ги збуни е фотографијата која осамна во медиумите, на која на  Лејди Гага и се наѕира стомаче, па се мисли дека е бремена и тоа ниту повеќе ниту помалку, туку со Бредли Купер.

На фотографијата Бредли и Гага позираат прегрнати, а вниманието го привлекува положбата на нивните раце. Бредли својата рака ја држи на нејзиниот стомак, а таа својата ја ставила преку неговата. Таблоидот објави дека тие очекуваат бебе и дека се уште не планираат да се венчаат.

Гага и Бредли гласините за бременоста не ги коментирале. Уредниците на магазинот отишле чекор подалеку и со текстот објавиле фотографија на која јасно се гледа дека Гага има стомаче

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.