Бојан Златановиќ Токан, тапанарот на популарната група „Амадеус бенд“, почина на 45 години од корона. Тој починал во болница, откако неколку дена бил ставен во вештачка кома и приклучен на респиратор, пишуваат медиумите.

Веста за смртта на тапанарот, прв ја објави пејачот на „Гранд“, Дарко Филиповиќ, кој преку социјалните мрежи се прости од својот пријател и колега.

Од него се простија и членовите на бендот

Со голема болка и неизмерна тага во нашите срца, ве известуваме дека денес, 24.11.2020 година, нашиот Бојан Златановиќ Токан не’ напушти прерано, се наведува во соопштението на бендот АМАДЕУС:

Неизбришливата трага на Токан ќе продолжи да живее преку Амадеус и сите нас, низ сето она што пред сè ни го довери како голем човек, низ ритамот што го вткаа во нашите срца и низ сеќавањата со кои ни ги облагородуваше душите.

Амадеус ве сака засекогаш.

Му благодариме на целиот персонал на болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“ за несебичната жртва и работата во борбата против оваа злобна болест.

Држете се и пазете се!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.