Поранешниот сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал, не плаќал алиментација за нивните синови Јаман и Јавуз 26 месеци, па според тамошните медиуми, пејачката ќе ја бара правдата законски.

Освен алиментација, Мустафа не ги платил трошоците за летен одмор, за изнајмување возило и плата на возачот, што исто така се негови обврски, склучени со договорот што го имаа кога го решаваа прашањето за алиментацијата и трошоците. Тука е и здравственото осигурување на децата, кое Мустафа, како што вели Емина, исто така, не го регулира – изјави извор за српски „Телеграф“.

Емина и Мустафа се разведоа во 2018 година.

Ако се земе предвид дека тој требало да плаќа по 2.830 евра месечно, а и дека не платил 26 месеци, доаѓаме до цифрата од 73.580 евра.

Требаше да купи куќа во Белград, но тоа не го направи. Денот кога се почувствував најлошо е кога ги однесов децата на лекар и кога дознав дека не им плаќал ниту здравствено осигурување – раскажа неодамна таа за магазинот „Стори“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.