Британската актерка, Елизабет Харли, била одбиена за улога во светски познатата хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses). Причината за одбивањето на Харли било тоа што Елоизабет била „премногу убава“.

Оваа година навршуваат 40 години од првото прикажување на првата епизода од „Сплетки“ (1981-2003). По тој повод, љубителите се потсетуваат и на некои тривијалности околу серијата.

Писателот Грејм Меккан во сорабоотка со еден од авторите на приказната, Тони Дау, неодамна објави книга во која вели дека пред околу 22 години, улогата на Касандра, девојката и подоцна сопруга на Родни Тротер, требало да ја добие, тогаш, 23-годишната Харли.

Елизабет Харли сета возбудена се појави на аудицијата, но на Тони Дау таа премногу му личеше на модел за да му одговара на некој како Родни… Ни беше чудно, затоа што тогаш изгледаше уште подобро отколку денес, но и јас едноставно не можам да ја замислам како негова девојка. Тешко дека фраер како Родни ќе излезе в град со ваква зачудувачки убава жена – вели Меккан.

На крајот улогата на Касандра ја доби Гвинет Стронг.

Серијата почна да се прикажува 1981 година, а популарноста најдобро ја илустрира податокот дека во еден миг, наводно, поради големиот број гледачи, имало пад на електричната мрежа во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.