Елена Ристеска со емотивна објава посветена на татко и. Таа секоја година на неговиот роденден или на денот на неговото заминување објавува фотографија и се потсетува на него.

 

View this post on Instagram

 

Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес,14ти јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци.. и секако ќе кажеше: “само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба.. “ ама ете, судбина.. те нема.. а се’ повеќе си ми потребен од било кога.. и нејќам статуси, патетики.. ама толку многу сакам да вриснам од тага што мислам дека планина ќе поместам.. ама стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно.. ама ете..веќе ништо не е исто, само болката е поголема.. тато! #сакајтеселуѓе

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Тоа не се преболува, едноставно, болката те следи цел живот. Јас објаснив погоре дека целиот фокус кон работата и убавите нешта го гледам како намерен и исфорсиран дефокус од реалноста. Бидејќи ако потпаднам под влијание на реалноста, односно на болката, тогаш ќе бидам пола човек, рече Елена Ристеска во интервју за порталот Засе.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.