Актерката Елен Пејџ (33), номинирана за „Оскар“ за нејзината улога во „Џуно“, вчера во јавноста преку „Инстаграм“ сподели дека е трансродово лице и дека го сменила своето име во Елиот. Додаде дека треба да му се обраќаат со тој/тие.

Не можам да искажам колку е извонредно чувството конечно да сакам тоа што сум, да се сакам себе доволно за да го остварам своето автентично јас, напиша Пејџ на Инстаграм во објавата насловена „Сакам што сум трансродна. И сакам што сум геј“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @elliotpage

Актерот во моментот е актуелен со серијата „Амбрела академија“ на „Нетфликс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.