Иако голем број светски познати јавни личности го одбележуваат Божик според Грегоријанскиот календар, некои од нив најголемиот православен празник го слават на 7 јануари, според Јулијанскиот календар.

Некои познати ѕвезди одлучиле да го слават Божик во јануари поради претците, некои поради партнерот, а некои поради љубовта кон православието.

Па така, оскаровецот Том Хенкс, кој е роден католик, премина во православната вера откако се ожени со колешката Рита Вилсон, која е со грчко-бугарско потекло.

Слична е и приказната со Кристијан Бејл, која ја прифати православната вера по бракот со Сиби Блажиќ, манекенка со српско потекло.

И британската манекенка Наоми Кембел одлучи да го слави Божиќ според Јулијанскиот календар поради својот партнер – рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Утре слави и Џенифер Анистон, која правословната вера ја наследи од татка си Јанис Анастакис, кој е Грк, но кој се раководи според Јулијанскиот календар.

Иако е родена во Лос Анџелес, популарната Ким Кардашијан има ерменско потекло, па слави на 6 и 7 јануари.

И познатиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер откако е во брак со српската тенисерка Ана Ивановиќ слави два Божиќа – католички и православен.

Актерот Џејмс Белуши, потомок на албански емигранти, исто така е православен христијанин. Посетува православни храмови во САД, а во 2009 година доби и државјанство на Албанија.

Американскиот глумец со јапонско потекло Кери Хиројуки Тагава, познат главно по улогите на негативец во холивудските филмови („Мортал Комбат“, „Дозвола за убиство“, „Планетата на мајмуните“), крстен е во 2015 година во Москва во Руската православна црква. На крштевањето го доби православното име Пантелејмон. Една година подоцна доби и руско државјанство. Вели дека и двете одлуки ги има донесено сам по долго размислување.

Иако во младоста се преселила во САД, Мила Јововиќ се гордее со своето потекло и одлично зборува руски. За својата вера таа го има кажано следново: „Родена сум како православна Русинка, но одам во секоја црква каде чувствувам присуство на љубов и на дух“. Мила во 2015 година својата втора ќерка Дашијел ја крсти во Спасо-Преображенскиот православен храм во Лос Анџелес.

Фронтментот на култниот бенд „Депеш мод“, Дејвид Гаан премина во православната вера благодарение на третата жена, Гркинката Џенифер Склиаз.

И комичарот Зак Галифијанакис ја почитува православната вера, зошто неговиот татко има грчко потекло.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.