За најсекси маж на годинешниот Евросонг е прогласен Швајцарецот Лука Хани, кој работел како ѕидар, а сега ја претставува својата земја во Тел Авив. 24- годишниот Хани на изненадување и на Швајцарците одлично котира и во кладилниците. Тој е голема музичка ѕвезда во Швајцарија.

ЛукаХани е роден во Берн, а од мал свирел на клавир и на гитара. Се запишал во средно ѕидарско училиште, а да не се пријавел на популарниот музички шоу во Германија, ќе продолжел да работи како ѕидар.

 

View this post on Instagram

 

Happy Weekend meine Lieben 🎉🎉 📸 @aneliajaneva 👚 @jazzminmarschall

A post shared by Luca Hänni (@lucahaenni1) on

Неговиот талент го препознала публиката и жирито на музичкото шоу „Германија бара талент“, така што победил на само 17 години и заработил 500 000 евра, кои ги употребил за развојот на својата музичка кариера. Извесен период живеел и во Лос Анџелес, каде го продуцирал својот четврт албум, а освен музичката кариера, често работи и како манекен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.