Откако светските таблоиди открија дека 56-годишниот актер Бред Пит е вљубен во 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Анистон одлучи да објави дека има нова, како што вели таа, симпатија.

На дружењето со пријателите претходниот петок, таа им открила некои детали, а сè слушнал новинар од еден американски медиум кој тоа и го објавил, пишува „Стори.хр“.

Џенифер е дефинитивно вљубена. Кога зборуваше за тој мистериозен маж, нејзината насмевка беше од уво до уво. Таа не сакаше да го каже неговото име, но откри дека веќе еден месец се гледа со ценет музичар кој е малку помлад од неа. Таа го опиша како маркантен, висок и многу хумористичен. Нејзините пријателки ја наговараа да им го каже неговото име, но таа рече дека сака да биде сигурна дека нивната врска ќе се развие во нешто посериозно и дека дури потоа ќе им ги открие сите детали. Откако им го соопшти сето тоа, тие наздравија и ја прегрнаа Џен, а ги слушнав како велат дека се пресреќни за неа затоа што заслужува некој кој вистински ќе ја сака – откри новинарот кој седел покрај Џенифер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.