Американската актерка Џенифер Анистон, на 52-годишна возраст одличала да стане мајка. Извор близок до актерката, за магазинот „Closer“ вели дека Џенифер со веста ги израдувала своите колеги од серијата „Пријатели“.

Анистон, која има два развода, одлучила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиштето „Каса Хогар Сион“ во Мексико. 52-годишната актерка многу години помагала со донации во споменатото сиропиталиште, а сега одлучила и да посвои едно девојче што било сместено таму. Изворот вели дека се очекува посвојувањето да се финализира во јуни годинава.

Џен беше убедена дека собирот со колегите од „Пријатели“ е вистинскиот момент да ја објави веста дека ќе стане мајка. Женскиот дел од екипата знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците за време на снимањето. Знаејќи колку тие секогаш го сакале ова за Џенифер, објавувањето на веста беше уште постресно за неа, но таа сепак сакаше да ги сподели среќните моменти со нив и да ја прослави оваа пресвртница во нејзиниот живот – вели изворот.

На почетокот на 2011 година, се шпекулираше дека Џенифер планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое била во постојан контакт. Иако пред 10 години Анистон ги негираше шпекулациите, изворот вели дека актерката Кортни Кокс отсекогаш ја поддржувала во идејата за посвојување.

Судот знае дека актерката не сака да направи голем медиумски настан од сето тоа и дека сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука. Но, убавата вест ја сподели со своите колеги и пријатели – вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.