Џеј Рамадановски, кој ненадејно почина во 56 година од животот, со солзи пеел на погребот на Никола Бојовиќ: Недела е и сите сте тука, а мене ме нема со вас!

Никола Бојовиќ убиен е на 29 април 2013 година во центарот на Белград во 7.05 часот, пред очите на бројните минувачи, во улицата на царица Милица, кога тргнал во пекара.

Бојовиќ во една прилика, можеби на шега, изјавил дека би сакал на гробот Џеј да му ја отпее песната Недела. Така и било.

Тој тмурен ден, на погребот на момчето, неговиот татко Вук Бојовиќ, го замолил познатиот пејач да ја исполни последната желба на неговиот син.

И додека плачот одекнувал низ гробиштата, пејачот рекол: Драг мој пријателе, твојот збор за мене е заповед. Луѓе ова е многу тешко, но морам да го направам, едвај изговарајќи ги овие зборови и ја започнал строфата од најтажната песна. Секој збор ги погаѓал присутните директно во срце, за што сведочат бројните воздишки, лелекот и плачот.

Сега семејството Бојовиќ му се оддолжи со последен поздрав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.