Пејачот Џеј Рамадановски ќе биде погребан утре во алејата на заслужните граѓани по сите муслимански обичаи.

Невообичаено, Џеј ќе биде погребан со икона од св. Петка, на која ѝ се молел постојано.

Печајот често истакнувал колку му значи света Петка, пишува српски Блиц повикувајќи се на Телеграф. Џеј редовно одел во капела посветена на оваа светица и во црквата на Калемегдан, иако бил муслиман.

Многу беше побожен, секаде одеше со икона од св. Петка и секогаш кога ќе направеше некоја глупост, ѝ се извинуваше, сведочат неговите пријатели.

Таа приказна ја знаеме сите. Сега избегнувам да го правам тоа, зашто сега правам чесни работи, нормални. Тоа го правев пред да почнам да патувам. Нема шанси за заминам на пат, а да не ѝ запалм свеќа. Еднаш тргнав и заборавив, па се вратив од автопат во црквата Света Петка и запалив свеќа. Само тогаш сум сигурен. Света Петка е на некој начин „арамиска светица“. Сите ние веруваме во неа, таа не штити. Не мислам дека штити криминалци и силеџии, но секој човек мора да живее, па сега, и да ако се снаоѓа малку од страна, ова-она, вели Џеј со смеа во едно интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.