Легендарниот актер Џеф Бриџис преку својата интернет-страница откри дека бил заразен со коронавирусот во јануари и бил в болница со недели, додека во истовреме бил и на хемотерапија за ракот на лимфните жлезди.

И Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон биле позитивни на коронавирус, но таа била в болница пет дена, а тој – пет недели.

Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот „танц“ со ковид-19  направи мојот рак да изгледа како шега, пишува Бриџис.

Глумецот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом минатиот октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.