Минатата година беше доста тешка за Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ. За да ѝ ја докаже својата љубов на сопругата, фудбалерот, според пишувањата на „Стар“, одлучил искрено да поразговара со пејачката и ѝ го предложил следново:

Сè што поминавме заедно и како се однесуваше во моментите кога ти беше најтешко ме натера и мене да сменам некои ставови. Не сакам да се разведеме, извини ако моите зборови или постапки некогаш те повредиле. Не знаев како да реагирам на се што сè пишуваше, ниту кому да му верувам. Сега ми е јасно дека многумина работеа против нас. И ти на мене ми прости многу работи низ сите овие години и беше со мене кога ништо не ми одеше од рака. Сфатив дека сакам да бидам со тебе и со нашите ќерки засекогаш, да бидеме семејство, и во добро и во лошо. Сè што имам од недвижнини ќе им го препишам на ќерките за да бидеш сигурна во мене. Можеме и да живееме одвоено додека сум во Белград ако ти треба време да размислиш дали сакаш да продолжиме заедно“, ѝ рекол Душко на Јелена, а пренесува српски „Стар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.