Гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат повторно станаа актуелни благодарение на видеата што славниот фудбалер ги објавува на својот инстаграм-профил.

Иако не станува збор за компромитирачки материјал, туку за семејни видеа на кои позира со своите наследнички Атина и Ника, „душогрижниците“ не престануваат да шпекулираат дека во бракот на популарната пејачка не цветаат ружи.

Имено, гласините се засилија откако Душко замина на одмор со девојчињата, и тоа во Дубаи, каде што традиционално одат секоја година, но овој пат Јелена не беше со нив.

 

View this post on Instagram

 

Dubai🏖🌞

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.