Владана Раилиќ, мисица од Белград која ја мувале Душко Тошиќ и Огњен Врањеш, потврдила дека била во емотивна врска со сопругот на Јелена Карлеуша. Деталите не сакала да ги открие, како ни точното време кога уживале во врската. За разлика од Тошиќ, на чие додворување одговорила, со Врањеш никогаш не сакала ни кафе да пие.

Владана и Душко се гледаа неколку месеци. Се почна со допишување на Инстаграм, а се заврши со скапи подароци, вечери и патувања. Иако врската беше тајна, тие на јавни места се однесуваа како вистински заљубен пар – рекол извор близок на манекенката.

Како што понатаму објаснил, врската морале да ја прекинат бидејќи се заљубиле еден во друг.

На неа од самиот почеток и беше јасно дека тоа ќе биде кратко и тајно, како и тоа дека тој никогаш нема да ја остави сопругата. Меѓутоа не можеше ниту да претпостави дека би можела да се заљуби во него, како и тој во неа. Разделбата им падна тешко, ама беше неминовна-објаснува изврот.

Владана не сакала да зборува за своето минато со Тошиќ, за на крај да ја потврди приказната.

Јас ништо не би коментирала. Во долга и сериозна врска сум, свршена и не сакам да зборувам за минатото. Што било, било. Можам само да ви кажам дека Душко е прекрасен човек и татко и одличен фраер. Не ми е јасно како Јелена можела да го замени со онаков селјак како Врањеш – рекла Владана и додала:

Врањеш со години ми пишуваше и муваше, но со него не би пиела ниту кафе. Душко го знам одлично- била таинствена убавицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.