Британската пејачка Дуа Липа убедува  дека никогаш немала намера да „поттикне какво било омраза“ со својот пост на Твитер.

Таа предизвика огромни реакции, откако на социјалните мрежи сподели мапа која ги прикажуваа Албанија, Косово и делови од соседните балкански земји – со симболот на албанските орли.

 

Таа во новата објава на социјалните мрежи вели дека е тажна и лута што
нејзиниот твит е намерно погрешно протолкуван од некои групи и поединци кои
додава, промовираат етнички сепаратизам, а тоа пејачката целосно го отфрла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.