Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа (24) го честиташе Денот на независноста на Косово.

Дуа на Инстаграм објави цртеж што го нацртал еден од нејзините фанови, при што напиша и честитка порачувајќи дека нема да ја заборави енергијата што ја почувствувала пред 13 години кога на телевизија во Приштина го гледала прогласувањето на празникот.

Незаборавно. Горда сум на тоа што го постигнавме и на тоа што допрва ќе го направиме – порача Дуа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Со својата објава, пејачката покрена лавина коментари на социјалната мрежа, меѓу кои има и такви што и порачуваат дека Косово секогаш ќе биде Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.