На таткото на Цеца Ражнатовиќ, Слободан Величковиќ(70) наводно му се слошило на денот на свадбата на Вељко и Богдана, па бил принуден да ја напушти веселбата, бидејќи имал несносни болки и се чувствувал многу лошо.

Иако сите во прв момент помислиле дека во прашање  е нешто  ситно и дека ќе се врати во Хајат на веселбата кога ќе се одмори дома, тоа не се случило. Тој утредента е примен во Ургентниот центар и неговатат состојба била исклучително сериозна. За среќа, со добра интервенција на лекарите и права терапија, се се завршило како што треба.

Слободан се чувствувал лошо на свадбата, веќе не можел да стои од болки, но најпрво не сакал да вознемирува било кого, за да не ја расипе веселбата. После граѓанската венчавка сакал тивко да ја напушти веселбата и го замолил возачот да го однесе дома. Утредента настанал вистински пекол. Уште повеќе му било лошо, па едвај го одвезле во Ургентниот центар. Таму лекарите утврдиле тешко воспаление на целиот организам и дека се случил целосен колапс. Лекарите рекле дека би било доцна да го донеле еден час подоцна, ќе било предоцна, бидејќи состојбата му била многу лоша.

Слободан едноставно колабирал, имаше тешко воспаление на цревата, желудникот, панкреасот. Покрај се имаше и висока температура. Беше во ужасна состојба, скоро едвај да се движел и секој момент беше решавачки дали ќе биде добро или не. Лекарите се бореа со сите сили да го спречат напредокот на воспалението и да му ја намалат температурта. Веднаш го приклучиле на инфузија и направиле се да го вратат во живот- рекол докторот од Ургентиот центар кој го примил татко и на Цеца во болница, ден после свадбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.