Александра Пријовиќ жестоко се искарала со сопругот Филип Живоиновиќ откако решил да не и дозволи на нејзината мајка Борка да се всели во нивниот дом.

Според српски Телеграф, драмата во домот на Живоиновиќ се одиграла пред десетина дена, кога Александра му соопштила на Филип дека некое време со нив ќе живее нејзината мајка, како би и помогнала околу бебето.

Александра влезе во осми месец и размислува дека за прво време ќе и треба помош околу бебето, па се обратила на мајка и, која со одушевување прифатила. Меѓутоа ниту едната, ниту другата можеле да замислат како Филип ќе реагира. Кога слушнал, Филип полудел. Почнал да вика дека нема место за мајка и и дека ако и треба помош околу бебето, ќе ангажира медицинска сестра. И рекол дека не и брани на мајка и да доаѓа, ама нема да дозволи да се всели- рекол извор близок на парот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.