Музичката ѕвезда Лепа Брена пред неколку недели се врати од одмор, а одморот наводно го прекинала вистинска драма.

Имено нејзиниот син Стефан планирал да им се придружи на одмор кога ќе заврши со обврските.Тој и јавил на мајка му дека ќе тргне од Белград за Дубаи, а после тоа дека ќе им се придружи на Малдивите, каде веќе сите биле.

Тој решил да остане во Емиратите со своите пријатели, но никого не известил дека ќе се задржи, па пејачката доживеала нервен слом кога не се јавувал на телефон, а се поради неговото грабнување пред 20 години.

Договорот беше Стефан после настапот да дојде на Малдивите. Тој и се јави на Брена дека тргнал од Белград, но потоа му се губи секоја трага. Кога седнал во авион рекол дека оди за Дубаи и дека ќе се видат за еден ден. Тој после тоа го исклучил телефонот, никому не се јавувал и не одговарал на пораките. Кога не можела да го добие, Брена се испаничила. Замислила најцрно сценарио, се сетила на киднапирањето од пред 20 години и сакала да го прекине одморот. Била на раб на живците – рекол изворот.

Кога слушнала дека е добро, почнала неконтролирано да плаче. Тој подоцна и објаснил дека останал со пријателите, а дека батеријата на телефонот му се испразнила, па затоа не се јавувал – заклучил изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.