Мајката на познатата српска пејачка со македонско потекло Гоца Божиновска почина по долга и тешка болест.

Пејачката последните три години се грижеше за својата болна мајка Радмила која боледувала од деменција.

Денеска таа со потресни зборови се прости од својата мајка.

-Мила моја мајко, ова е прв пат да останам без твојата поддршка…нека те чуваат ангелите, напиша Божиновска во описот на фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Инаку семејството чека принова, а нејзиниот син Мирко Шијан ќе стане татко за неколку месеци кога треба да се породи неговата девојка Бојана Родиќ која е сестра на Богдана сопругата на Вељко Ражнатовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.