Пејачката Јелена Карлеуша го напушти жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, а сега и се огласи по тој повод.

Имено Јелена на Инстаграм откри која е причината поради која веќе не сака да биде дел од овој проект.

Исто така, Карлеуша не сакаше да ја коментира веста дека Светлана Цеца Ражантовиќ ќе го заземе нејзиното место.

Драги мои, решив дека е време пред новиот албум да се повлечам од Ѕвездите на Гранд и во склад со тоа на своја иницијатива, уште на 28 јуни оваа година ја известив Гранд продукција и го раскинав договорот. Оваа одлука ја донесов најпрво како максимално би се посветила на излегувањето и промоцијата на новиот албум кој доаѓа. Од тогаш до денеска имаше обиди да најдеме начин и услови на продолжам со снимање. Меѓутоа не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и како натпреварувањето ќе изгледа понатаму, не е прашање за мене. Им ја посакувам сета среќа, порача пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.