Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ веќе со години води тешка битка со ракот, но вели дека не се предава и дека се надева дека ќе биде се како што треба.

Таа во овој момент одмара на Златибор со синот, а откако тој сподели фотографија од неговата мајка која е видно ослабена и со променет изглед се покрена бура на реакции во јавноста.

За српските медиуми се огласи и самата Марина за да ги увери сите дека нема потреба од паника за нејзиното здравје.

Дојдов на Златибор. Супер е, чист воздух. Дојдов на неколку дена да се одморам од градот. Многу ми годи овој чист воздух. На терапија сум онака се чувствувам, ништо посебно искрено да ви кажам. Не е најдобро баш, но не е ни толку лошо. Не ги знаеме резултатите, дури во февруари ќе ги дознаеме резултатите кога ќе имам и контрола. Знаете како, целиот живот сум ја гледала онаа подобра страна дека се ќе биде добро. Како и секогаш позитивно размислувам – вели Туцаковиќ.

Таа додава дека не пишува на Златибор и доколку би требало да работи нешто за нови песни тоа би го направила кога ќе се врати во Белград.

Ми треба малку одмор, да соберам сили за да можам тоа да го направам – заврши текстописецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.