Бизнисменот Картер Реум (40) ја запросил познатата џет-сетерка Парис Хилтон.

Чинот се случило на приватниот остров на Реум на 13 февруари, кога Реум на својата избраничка ѝ дал дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе.

Веста ја објави самата Парис на Инстаграм.

Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Го чувствувате тоа. По интимната вечера тој клекна на колена пред мене и јас реков „Да, засекогаш“. Нема друга личност со која повеќе би сакала да го минам својот живот – напиша Хилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Гласините дека Хилтон и Реум излегуваат, првпат излегоа во јануари минатата година, кога тие беа забележани на свеченостите околу Златниот глобус. Парот ја потврди својата врска на Инстаграм во април со фотографија со бакнеж.

Возбудена сум за ова следно поглавје и имам партнер што ме поддржува, изјави Хилтон за „Вог“. Нашата врска е рамноправна. Се правиме подобри луѓе, меѓусебно. Чекањето вредеше, апсолутно! – истакна Хилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Ова ќе биде прв брак на Хилтон, иако таа не и е првпат да биде свршена. Таа и нејзиното поранешно момче Крис Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.