Српската пејачка Злата Петровиќ и директорот на Гранд, Саша Поповиќ биле во љубовна врска пред скоро три децении, а како што пишуваат српските медиуми, малку фалело за тие да стапат во брак.

Сале многу ме сакаше, патеше долго по мене кога раскинавме. Ме запроси за роденденот. Извади дијамантски прстен пред гостите, а јас се преплашив и му го фрлив во лице. Ние сепак останавме пријатели.

Тој е паметен и успешен човекм, но мислам дека бевме заедно во погрешно време. Јас тогаш имав 27-28 години, а веќе зад себе имав еден брак и син. Мене тогаш ме интересираше да работам и ми беше глупаво повторно да влегувам во една сериозна врска или брак, раскажала Залта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.