Пејачот Дарко Лазиќ кој неодамна ја шокираше јавноста со изјавата дека ќерката е убава вест, но дека синот е син, продолжува во свој манир.

Имено тој очигледно заборавил на датумот на кој неговата поранешна сопруга Ана Севиќ на свет го донела нивното прво дете, ќерката Лорена, па не се удостоил ниту да и го честита роденденот, а камоли да дојде да ја види – тврди српски Ало.

Дарко не се појавил ни на роденденската прослава која Ана ја подготвила во чест на роденденот на Лорена, а која била направена десетина дена пред правиот датум на раѓање. Наводно тој бил спречен да дојде заради однапред закажан настап- открил извор близок до семејството.

За да се испере поради тоа што не се појавил на прославата, рекол дека дека и тој ќе организира роденденска прослава за својата миленичка на денот на нејзиниот роденден и дека ќе и купи многу подароци, но тоа сепак не се случило. И не само што не и направил роденденска забава, туку не и се ни јавил за да и го честита роденденот – додава соговорникот.

Ана се обидувала да и ја обајасни на Лорена ситуацијата, но таа е многу паметна и зрела да разбере што се случува и тагува поради тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.