Гоца Шаулиќ, сопругата на краалот на фолкот, со која помина 43 години во брак, во домот во Белград секојдневно прима сочувство, но е и во постојан контакт со ќерките и синот.

Иако е во тешка состојба, таа се држи достоинствено.

Го нема веќе мојот Шабан. Што ќе правам јас без него во овој бел дворец, редела Гоца пред пријателите.

Два дена по сообраќајната несреќа во која пејачот го загуби животот, ќерката Санела и синот Михајло го виделе телото во Германија.

На испраќањето мајка им Гоца им рекла:

Деца, ставете му на татко ви качкет на главата и пари во рацете, така ќе биде среќен…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.