Вистинска драма се случувала пред некоја вечер во домот на семејството Гагиќ во Печинци, кога Дарко Лазиќ влетал во куќата на својата свршеница Марина и започнал да се расправа со неа и со нејзината мајка, дознава српски „Курир“.

Како што тврди нивниот извор, дошло до сериозна кавга помеѓу поранешната двојка, а ситуацијата ескалирала кога се вмешала и мајката на Марина за да ја заштити својата ќерка. Српскиот фолкер почнал да пцуе и да им се дере и на двете, по што луто ја напуштил куќата на Гагиќ. По инцидентот, сепак, продолжил да ѝ ѕвони на Марина и да ја убедува да се смират. Таа, наводно, нема намера да премине преку ова бидејќи не е првпат тие двајца да имаат проблеми што завршуваат со кавги и расправии. Како што објаснува соговорникот на српскиот весник, главната причина за конфликтите меѓу нив е однесувањето на Дарко, односно фактот што тој често е излезен и знае и по неколку дена да не ѝ крене телефон на неговата вереница и мајка на неговото дете, со која живееше заедно до неодамна.

Српски „Курир“ вчера го посетил селото каде што живеат родителите на Марина и каде што таа се врати откако го напушти Дарко. Таму за српскиот весник потврдиле дека пред неколку дена се случил скандал во семејниот дом на Гагиќ.

Слушнав врева пред неколку вечери од нивната куќа. Дарко возеше пијан вечерта, иако, колку што знам, забрането му е да вози. Цело село зборува дека Марина нема да се смири со Дарко, дека дефинитивно заврши со него. Колку што знам, таа е кај нејзините родители веќе два месеца, раскажал еден од соседите на Гагиќ.

Слична приказна потврдил и од друг жител на Печинци, близок до семејството на Марина.

Сите велат дека било скандалозно. Дарко дошол бесен, се дерел, ги пцуел и Марина и нејзината мајка. Патем, во Печинци се зборува дека тој и порано знаел да се искара со бабата, раскажал тој за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.