Српскиот пејач Дарко Лазиќ не ѝ исплатил 20 алиментации на својата поранешна сопруга за нивната ќерка Лорена. Според српски „Ало“ 28-годишниот пејач на шест години постарата Ана Севиќ и должи 1.100.000 динари или нешто помалку од 10.000 евра.

Иако ветил дека ќе се раздолжи, не го исполнил ветувањето, по што Севиќ одлучи да го тужи.

Тужбата беше поднесена уште лани, но поради коронавирусот дури неодамна се сретнаа на суд. Дарко пред судијата се правдаше дека сега нема толку пари, бидејќи не можел да заработува, прво поради несреќата во октомври 2018 година, а потоа поради пандемијата. Се жалеше на моменталната материјална состојба, дека ги плаќа долговите за лечењето, но и дека неговата вереница нема работа, а на негов грб се и родителите, раскажува за магазинот извор близок до некогашната брачна двојка.

Адвокатите на пејачката, сепак, на судијата му кажаа дека Дарко не плаќал алиментација ни пред сообраќајката. Судењето продолжува наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.