Корисник на социјалната мрежа „Твитер“ упати јавно прашање до сите жени и психолози: Дали жена која била силувана може да може да снима филм со бројни секс – сцени, како Даниела Штајнфелд и тоа само помалку од три години откако била злоставувана.

Ваквиот негов коментар предизвика бурни реакции меѓу корисниците на социјалните мрежи во регионот.

Прашањето на корисникот на „Твитер“ е поврзано со филмот „Cash Only“ во кој игра и Штајнфелд. Твитерџијата објави и краток инсерт од самиот филм кој ги прикажува секс – сцените на Штајнфелд со еден од главните актери.

Обвинението на актерката Даниела Штајнфелд дека нејзиниот колега Бранислав Лечиќ ја силувал „ја тресе“ јавната сцена во Србија, а според последните информации, Лечиќ бил на полициско испрашување седум и пол часа и како што и самиот изјавил поминал и низ полиграф.

Тој на социјалните мрежи објави видеопорака во која ја информираше јавноста за деталите на рочиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branislav Lecic (@branislavlecic)

Српската актерка глумеше во американско-албанскиот трилер „Cash Only“ во режија на Малик Бадер во 2015 година, а поради споменатите секс – сцени на Штајнфелд, филмот привлече големо внимание дури откако актерката го обвини Лечиќ за силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.