Дарко Лазиќ се потрудил да организира забава на својата свршеница Марина, по повод нејзиниот 21 роденден, но истата вечер успеал да направи се да и преседне.

Како што пренесува изворот кој бил на забавата, Дарко и направил таква љубоморна сцена, да незнаела каде се наоѓа. Дури и се расплакала.

На почетокот на вечерта се беше во ред. Дарко баш се потруди во се да и угоди. И пеел, ги викнал најблиските и нејзините и своите, кумовите и роднините. Ма имаше се да се јаде и пие и песна и музика. Ма милина. Меѓутоа во некое време, незнам што го фати Дарко, ама буквално во момент му падна мрак на очи. Веројатно видел дека Марина се допишува со некого, па помислил дека има некој додворувач. Леле, како само викаше. Се ечеше. И рече: Дај го ваму телефонот, да видам јас кој тоа ти пишува. Немој да видам дека ме изневеруваш, нема да биде добро. Каков начин е тоа да висиш на телефон и тоа додека имаме гости. Дај ми го телефонот да видам кој се  ти честита. Сакаш да ми набиеш рогови како Ана – ги прераскажува зборовите на Дарко, изворот кој бил на забавата.

Марина, се исплашила, не можела да ги задржи солзите. Му го дала телефонот и седнала.

Се разбира ништо немало. Само пораки од другарките. После на Дарко му беше криво, ја молеше се да му прости, ама таа се опираше еден, два саата – додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.